Мени

Во индустријата работат повеќе жени

21.01.2013 15:12 | KumanovoNews

Кумановскатата индустрија ја носат жените. Процентот на вработени во фабриките е во корист на понежниот пол, односно 60 наспрема 40 отсто.

Во индустријата работат повеќе жени

Жените се доминантни во текстилната и чевларската индустрија, а во хемиската и метало - преработувачка индустрија повеќето се мажи.

Миле Спасовски, секретар во Регионалниот синдикат вели дека сепак во фабриките во градот има повеќе вработени жени, отколку мажи.

Ако го гледаме бројот на вработени жени во Куманово ги има за 10 или 15 отсто повеќе од мажите, затоа што Куманово е чевларски град. Во “Чик“ има околу 1500 вработени каде доминантни се жени. И во приватните фирми има околу 1000 вработени и таму 90 отсто се жени. Само во овие две гранки се ангажирани над 2500 жени. Во метало - преработувачка индустрија има околу 1500 мажи од кои 900 се во ФЗЦ „11 Октомври„ - објаснува Спасовски.

Тој додава дека со производство на чевли и шиење отсекогаш се занимавале жени, додека мажите се одлеваат во градежните фирми во Скопје или заминуваат на работа во Авганистан.