Мени

Во Куманово - 12, во Битола - 19

13.12.2012 11:05 | KumanovoNews

Во Куманово утринава во 7 часот  измерени се - 12 степени. Најстудени градови во државата се Битола со -19, Тетово и Берово со -17 степени.

Во Куманово - 12, во Битола - 19

Во Скопје во седум часот се измерени минус 16 степени, во Крива Паланка, Штип, Прилеп, Куманово и Маврово минус 12, во Струмица и Крушево минус 11 степени, во Демир Капија и Дебар минус 10, во Охрид, Виница и Кавадарци минус 9 степени, во Претор минус 6 степени, минус три во Дојран и минус два степени во Гевгелија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, поларните температури ќе се задржат во текот на целиот ден.

Вечерва повторно се очекува температурата да паднат. Во деновите од викендот се предвидуваат врнежи од дожд и благо покачување на температурата.