Во Куманово 25, а во Старо Нагоричане 38 отсто излезност
07.04.2013 12:00
| KumanovoNews
До 13 часот во Општина Куманово гласале 25 отсто од избирачите, а во Општина Старо Нагоричане правото на глас го искористиле 38,5 отсто од гласачите.
Од двете општински изборни комисии потврдуваат дека нема никакви инциденти и дека гласањето се одвива во мирна атмосфера.
По 17 часот повторно ќе има информации за одзивот на гласачи.