Во Куманово четворица заболени од хемофилија
Во Куманово има регистрирани четири лица кои имаат проблеми со крварење, односно се заболени од хемофилија.
Од одделението за трансфузиологија при Општа болница Куманово велат дека болните редовно примаат терапија и се под лекарски надзор.
Пациентите се згрижени 24 часа и гледаме да нема никакви проблеми во снабдувањето на факторот кој го примаат за да не дојде до понатамошни последици. Имаме пациенти кои се на постојан третман со домашна терапија кои превентивно земаат фактор осум за превенција на крварења. Такви редовни се четири регистрирани во Куманово - вели Лилјана Славковска, специјалист по трансфузиологија.
Хемофилијата е наследна болест, обично жените ја пренесуваат на своите синови. Оваа болест предизвикува внатрешни крварења, крварења на зглобовите, мускулите и може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето.Хелофилијата може да доведе до потешки крварења во нервниот систем, стомакот, градите, да предизвика инвалидитет, а посериозните случаи се лекуваат во Скопје.
Денеска се одбележува Светскиот ден на хемофилијата и по тој повод кумановските трансфузиолози ќе присуствуваат во Скопје.