Во Куманово наврнаa над 15 литри дожд
09.05.2013 09:22
| KumanovoNews
Во Куманово и околината цела ноќ врнеше дожд, но нема опасност од излевање на реките.
Немаме точни податоци колку дожд наврна ноќеска, но сигурно е над 15 литри на метар квадратен. Покачување на водостојот има само на реката Кумановка, кај селото Доброшане. Нивото на водата е 28 цм, односно покачувањето е за 5 цм. Точка на излевање е 105 цм, значи засега нема опасност - велат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во текот на денот се очекува врнежите од дожд да престанат.