Мени

Во Куманово нема место за паника од грип

24.01.2011 12:52 | KumanovoNews

Бројот на пациентите со симптоми на настинка и болести слични на грип во здравствените амбуланти последниве денови имаат тенденции на зголемување, но место за паника нема - известуваат од Заводот за здравствена заштита во Куманоиво.

Во Куманово нема место за паника од грип

При земање на брисови од грлото, кај 12 од вкупно 230 пријавени лица кои минатата недела се пожалиле на настинка е констатирано дека не е изолиран вирус на грип. Со оглед на временските прилики, може да се очекува евентуална појава на т.н. сезонски грип што не би требало да го надмине бројот од 300 до 400 лица неделно - сметаат во Заводот за здравствена заштита.

Здравствените работници на потенцијалните болни од грип им советуваат претпазливост, избегнување на присуства кај веќе заболени лица, проветрување на просториите,овошје и зеленчук богати со витамини и повеќе чај и други топли напитоци.