Во Куманово се раѓаат 4 бебиња дневно
Во Општата болница Куманово, годишно се раѓаат околу 1600 бебиња, што во проесек излегува од 4 до 5 новороденчиња дневно.
Најголем дел од нив се од Куманово, а останатите се од општините во Североисточниот регион: Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Од почетокот на годината до крајот на октомври на свет дошле 1336 бебиња.
Во просек месечно се раѓаат од 130 до 150 дечиња. Минатиот месец имаме 143. Во однос на минатат година бројката е тука некаде, иако оваа година на гинеколошко-акушерското одделение доаѓат и жени кои порано раѓаа во Крива Паланка бидејќи нивната болница се реновира- вели Снежана Крстевска главна сестра во породилната сала.
Од болницата кажуваат дека околу 200 кумановчанки годишно се породуваат во приватните клиники во Скопје, а толку доаѓаат од Кривопаленчкиот крај во болницата во Куманово.