Мени

Во Куманово три нови ХИВ позитивни

29.11.2012 11:09 | KumanovoNews

 Три нови случаи на ХИВ позитивни се регистрирани во Куманово, од вкупно 20, колку се регистрирана во државата, соопштуваат од Институтот за јавно здравје од Скопје во пресрет на 1 декември - Светскиот ден за борба против сидата.

Во Куманово три нови ХИВ позитивни

Најголем дел од нив, 12 се од Скопје, три во Радовиш и две лица од Кичево.

Оваа година се третирани ризичнитеи групи и затоа бројот на откриени заразени е најголем досега. Меѓу новите заразени доминантни се мажите и тоа на возраст од 30 до 39 години. Лекарите препорачуваат младите со ризично однесување да користат презервативи.

Вирусот најчесто се пренесува при хетеросексуален пат, но расте бројот на инфицирани мажи што имале секс со мажи.

Со ХИВ инфекција живеат 100 лица во земјава. Првиот случај на заразен со хив во земјава е откриен пред 25 години.