Во кумановски и липковски села ќе нема струја
25.08.2014 11:42
| KumanovoNews
Во неколку кумановски и липковски села утре ќе биде исклучена електричната енергија.
Од 8 до 16 часот поради изведување на технички зафати во нисконапонскиот извод без струја ќе бидат жителите на Ново Село, Уминдол, Љубодраг, Гошинце, Лукаре, Ропаљце и Рнковце. Од ЕВН Македонија објаснуваат дека ова се планирани исклучувања за да се подобри квалитетот на услугата кон крајните корисници.