Мени

Во кумановско 10 деца жртви на насилство

22.11.2013 14:07 | KumanovoNews

Во Центарот за социјални работи Куманово во последните две години помош побарале 10 деца жртви на семејно насилство, додека 18 деца се регистрирани на улица.

Во кумановско 10 деца жртви на насилство

Малтретирањето на децата најчесто го пријавуваат членови на семејството или вработени во училиштата и градинките, откако забележуваат траги на насилство.

 Итно се постапува се во интерес за заштита на малолетните деца. Првин се води сметка да ги задоволиме нивните основни потреби. Доколку има физичко насилство најпрвин добиваат здравствени услуги, а потоа добиваат психо-социјална поддршка. Ако има потреба се сместува во згрижувачко семејство, во прифатен центар или се става под старателство.- изјави Елизабета Ангеловска, социјален работник.

Ангеловска вели дека нема драстичен пораст на семејното насилство врз деца во кумановско.