Во кумановско 260 деца имаат посебни образовни потреби
Во 9 основни училишта во Куманово учат 230 деца, а во 3 училишта во Старо Нагоричане 31 ученик има потреба од посебни образовни потреби.
Во ниту едно од овие училишта нема пристапни рампи, стои во извештајот кој го направи Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето.
Во кумановските училишта 5 деца се со телесна, 53 со интелектуална попреченост, 31 со оштетувања на видот, 16 со оштетувања на слухот, 12 со аутизам, 69 со тешкотии во учењето и 44 со комбинирана попреченост.
Во Старо Нагоричане има 9 деца со интелектуална попреченост, 13 со тешкотии во учењето и 9 со комбинирана попреченост.
Службите во анкетираните училишта генерално одговориле дека потешкотии имаат при вреднување на знаењата на децата со посебни потреби. Само во едно од кумановските училишта одговориле дека имаат вработено дефектолог.
Во извештајот е наведено дека во урбаните средини и поголемите општини се вложуваат напори за инклузија на овие деца во образовниот процес.
Издавач на извештајот е Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“.