Мени

Во кумановско 30 новозаболени од дијабетес

31.07.2013 09:52 | KumanovoNews

 За два месеци откриени се 30 нови случаи на заболени од дијaбетес.

Во кумановско 30 новозаболени од дијабетес

Во текот на јуни и јули преку бесплатни акции за мерење на шеќер во крвта граѓаните откриле дека имаат проблеми со здравјето.

Поголем број на заболени има во липковските села и тоа претежно се жени кои не се активни, не работат, не внимаваат на исхраната и сето тоа доведува до појава на дијабетес. Тоа е голема бројка бидејќи од вкупно тестираните 11 отсто се болни од дијабетес, а на државно ниво статистиката е 6 отсто. - изјави Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Тестирањето било извршено во селата во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Од септември ова здружение ќе продолжи со едукативни предавања и бесплатни акции за мерење на шеќер во крвта.