Во Липково се гради детска градинка
10.02.2014 13:23
| KumanovoNews
Општината Липково наскоро ќе добие детска градинка.
Градинката се гради во селото Оризаре и во текот на годината се очекува да проработи.
Градежните работи за изградба на градинка на територија на Општина Липково се во тек. Опремувањето и обезбедувањето кадар ќе го изврши општината. Доколку општината навремено да ги заврши обврските, очекуваме отворање на градинката во тековната година. За Старо Нагоричане годинава не е предвидено отворање на градинка - вели Марјан Гијовски, портпарол на Министерство за труд и социјална политика.
Мештаните сметаат дека ќе им биде потребна уште една градинка со оглед на големиот број деца.
Градинката е дел од проектот на Владата за отварање на 14 градинки во руралните средини.