Мени

Во мај издадени 17 одобренија за градба

08.07.2013 14:51 | KumanovoNews

Државниот завод за статистика објави дека во месец мај годинава во Куманово се издадени 17 одобренија за градба.

Во мај издадени 17 одобренија за градба

Од нив 15 се за физички лица, а 2 за деловни инвеститори. Вредноста на објектите кои треба да се градат се проценува на 84.800 илјади денари.

Според соопштението во Липково, Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце, општини од Североисточниот регион во мај не се издадени одобренија за градба.

Во Крива Паланка се издадени 7 одобренија за градба, 6 на физички лица и 1 на деловен субјект.