Мени

Во Матејче настава од задутре

02.09.2013 11:41 | KumanovoNews

 Поради реновирање на ОУ “Култура“ во село Матејче, наставата ќе почне задутре.

Во Матејче настава од задутре

 Часовите ќе почнат по два дена  поради реновирање на централното  училиште во Матејче. Учениците во основните училишта во селото Липково ќе учат во две смени, бидејќи нема доволно простор. Во шест централни основни училишта имаме 4000 ученици, а во средното “Исмет Јашари“ имаме 500 ученици - рече Џевџет Рахмани, одговорен за образование во Општина Липково.

На територија на Општина Куманово наставата денеска е почната во сите училишта.

И од Општина Старо Нагоричане потврдуваат дека утрово наставата во нивните училишта се одвива нормално.