Мени

Во “Наце Буѓони“ функционира Училишен парламент

21.02.2013 13:34 | KumanovoNews

Почнувајќи од октомври лани, во средното Техничко училиште “Наце Буѓони“ функционира Училишен параламент, се оддржуваат состаноци, се дискутира за наставата.

Во “Наце Буѓони“ функционира Училишен парламент

Добро е што се основа овој Училишен парламент како прва новина во градот каде се вклучени активно и доброволно самите ученици. Ова е голем чекор на нашето училиште. За Училишниот парламент разбра и граданачалникот  Зоран Дамјановски, што ми е посебно драго. Иницијатор за да се создаде овој Училишен парламент беше професор Биљана Кушински заедно со директорката Лидија Михајловска. Досега активностите од годишниот план се одвиваа во најдобар ред, се надевам дека и така ќе продолжиме. Посебно ми е чест што во нашето училиште има голем број ученици кои сакаат исто така да бидат дел од Училишниот парламент. Ние ќе продолжиме да реализираме активности и понатаму и се надевам дека Училишниот парламент ќе продолжи со работа и во наредните години – изјави Александар Милановски претседател на Училишниот Парламент.”

Училишниот парламент брои 30 члена од кои 4 се професори, а остатокот се ученици. Тие досега се вклучиле во акцијата “Дедо Мраз на ролери“, а со Црвен Крст реализирале неколку хумани активности за помош на болни деца на кои им е потребно лекување.

Месецов членовите на Училишниот парламент беа на еднодневна екскурзија на релација Маврово - Блаце.