Мени

Во “Наце Буѓони“ хуманитарна акција со Дедо Мраз

03.01.2014 09:50 | KumanovoNews

Училишниот парламент од СОУ “Наце Буѓони“ на 30 декември организираше хуманитрано сликање со Дедо Мраз и забава под мотото “Слика со Дедо Мраз и бонбонче за вас“.

Во “Наце Буѓони“ хуманитарна акција со Дедо Мраз

Потоа дедо мразовци го посетија ОУ “11 Октомври„ каде на најдобрите две ученички од 8 одделение им доделија парична награда со која ќе ја платат екскурзијата во месец мај.

Имавме неколку Дедо Мразовци и Баба Мразици кои се сликаа со сите ученици, а учениците беа почестени со бонбончиња. Потоа нашите Дедо Мразовци покажаа колку се добри и направија изненадување за две ученички во “11 Октомври“. Ученичките беа пресреќни од изненадувањето. На сите им посакувам среќна Нова година и многу успех во неа - вели Александар Милановски,  претседател на Училишниот парламент во “Наце Буѓони”.

Училишниот параламент секоја година организира различни активности кои се поддржани од професорите и од директорката.

Со хуманитарна акција беа доделени 8.000 ден на училиштето “11 Октомври“.  Тоа  беше знак на благодарност затоа што оваа година имавме највеќе запишани ученици од нивното училиште и покажавме колку е хумано нашето училиште, а со тоаги продлабочуваме соработките со нив  - изјави Лидија Михајловска директорка на училиштето.

Лани училишниот параламент од “Наце Буѓони“ ја организираше акцијата “Дедо Мраз на ролери“.