Во недела цвеќе пред “Жена борец“
05.09.2013 14:33
| KumanovoNews
Во недела на 8 Септември - Денот на независноста на Македонија , свежо цвеќе ќе биде положено на Градскиот плоштад пред споменикот “Жена борец“.
Цвеќе ќе положат од локалната самоуправа, претставници на општинскиот совет, борците, вработени во јавните претпријатија, политички партии и други. Прославата ќе почне во 11 часот.
Во чест на празникот денеска се одржа баскет турнир за основците, а во сабота се организира турнир во мал фудбал за средношколци.
Во рамки на одбележување на Денот на независноста, во среда ќе се оддржи Меѓународниот фестивал на дувачки оркестри “Рома труба фест 2013“ на Градскиот плоштад со почеток во 19 часот.