Во понеделник прв уписен рок за средношколците
Во понеделник и вторник е првиот уписен рок за запишување во средните училишта.
- Формирани се комисии во училиштето за прием на документите и тоа ќе се врши од 7 до 15 часот. Рангирањето ќе се врши веднаш, а резултати ќе има во среда и тие ќе бидат истакнати на видно место пред влезот, на огласна табла или на врата - вели Весна Трајковска, директор на “Киро Бурназ“.
Во учебната 2014/2015 година во “Киро Бурназ“ има 510 слободни места за упис во прва година. Во Гимназија „Гоце Делчев“ има 374 слободни места, во “Наце Буѓони“ 684, во “Перо Наков“ 714, во “Сами Фрашери“ 272 и во “Исмет Јашари“ во Липково има 136 слободни места во прва година.
Во кумановските и липковските училишта ќе се запишат над 2000 ученици во прва година.
Вториот термин од првиот уписен рок е на 30 јуни и 1 јули, а во август следува вториот уписен рок.