Во Средорек и Бејтови ниви дефекти на водоводната мрежа
26.04.2013 08:33
| KumanovoNews
Утрово вода нема во населба Средорек, Бејтови ниви и на уште три улици во градот.
Поради дефекти на водоводната мрежа вода нема на улиците “Трета МУБ“ и “Љупчо Арсов“, а на улица “Никола Тесла“ се работи на нов приклучок.
Од ЈП“Водовод“ велат дека дефектите ќе бидат отстранети во најкус можен рок и граѓаните на наведените локации ќе добијат вода.