Во Српската заедница се кршеше лепче со паричка
Членовите на Српската заедница во Куманово, денеска напладне организираа бадникова прослава, со богата божиќна трпеза, а на присутните им се подели лепче со паричка.
Ова е втора година по ред, како Српската заедница во Куманово организира кршење на лепче со паричка и на тој начин го одбележуваме еден од најголемите христијански празници, Денот на Христовото раѓање. Минатогодишниот кум, Александар Бојковиќ подготви празнична трпеза и се потруди да има најразновидни посни јадења, кои се по нашите убави христијански обичаи - изјави претседателот на СЗМ Горан Зафировиќ.
Оваа година бадниковата паричка се падна во Елена Јаќимовиќ, сопруга на претседателот на општинската организација на ДПСМ. Таа ќе го преземе кумството за наредната година.
Од здружението велат дека ќе продолжат со оваа убава традиција и во наредните години.