Мени

Во Старо Нагоричане се одржа обука за земјотреси

26.12.2012 09:08 | KumanovoNews

 Во просториите на општина Старо Нагоричане деновиве се оддржа предавање  на тема  „Појава на земјотреси, сеизмичност на Република Македонија и превенција и заштита од нив “.

Во Старо Нагоричане се одржа обука за земјотреси

Предавањето го одржаа професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Територијата на Република Македонија се одликува со мошне изразена сеизмичка активност. Во последните 100 години, во земјата биле почуствувани повеќе од 1000 земјотреси и тоа во Валандово, Дебар, Скопје, Гевгелија, Битола и други места. Земјотресите и во иднина ќе бидат неизбежни и затоа Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), превзема акција за едукација на населението во услови на евентуална појава на земјотреси. Граѓаните учат како да се однесуваат пред, за време на земјотресите и потоа- беше речено на предавањето.

Со обуката беа опфатени вработените во училиштата и општинската администрација, Советот на општина Старо Нагоричане и месните  заедници.