Мени

Во Старо Нагоричане успешен старт на учебната година

01.09.2011 12:09 | KumanovoNews

Околу 400 ученици од  основните училишта денеска без проблеми ја започнаа учебната година во општината Старо Нагоричане. Наставата се организира во 3 централни основни училишта и 11 подрачни.

Во Старо Нагоричане успешен старт на учебната година

Градоначалникот Миодраг Јовановиќ во свое име, и во името на администрацијата им посака успешeн почеток образование на првачињата во основното училиште „Светозар Марковиќ„, како и на сите останати ученици.

Истовремено во Општината  денеска започнала диструибуцијата на бесплатните учебници во училиштата.