Во “Вук Караџиќ“ формиран еко одбор
Во основното училиште “Вук Караџиќ“ минатат недела е формиран еко одбор кој ќе работи на исполнување на еко стандарди во училиштето.
Во програмата е предвидено да се намали потрошувачката на вода и електрична енергија за 10 отсто во однос на лани, а зградата и дворот да се оддржуваат чисти.
Ќе се изготват упатства за рационално трошење на електричната и топлинската енергија во училиштето. Ќе се анализира состојбата на водоводната инсталација, цевки, славини, казанчиња. Ќе се заменат и ќе функционираат сите нефункционални чешми. Зградата ќе се ослободи од сите скршени клупи, саксии, табли, а хартијата и пластичните шишиња ќе се соберат. Ќе се разубават ходниците, училниците, канцелариите со цвеќиња. Училишниот двор ќе се огради со жива ограда и ќе се постават училишни клупи - вели Сања Антиќ, координатор на програмата.
За секој еко стандард ќе има еко патрола која ќе проверува како течат активностите.
Во еко - одборот членуваат директорот, наставниците, учениците, членови од совет на родители, стручна служба и слично.