Мени

Водата се враќа во речните корита

02.05.2014 06:54 | KumanovoNews

Водостојот на реките во кумановско и липковско се намалува и нема опасност од повторно излевање, велат од Центарот за управување со кризи.

Водата се враќа во речните корита

Нивото на Пчиња кај Доброшане синоќа било 49 цм, или за 21 цм помалку од претходниот ден.

Од Општина Липково потврдуваат дека Липковска и Оризарска река се повлекуваат во коритото, откако синоќа поплавија дел од обработливото земјиште.

Според информации на Регионалната дирекцијата за заштита и спасување, во селото Оризаре се поплавени 7 хектари ниви засеани со житарици. Во село Липково каде што се влева реката Отљанка во Липковка со поплава се зафатени 15 хектари земјиште засеани со житни култури. Излеаните реки се повлекуваат во коритата и состојбата ќе се нормализира.

Во последниве 24 часа во кумановскиот крај наврнаа 2,8 литри дожд на метар квадратен.