Водоснабдувањето ќе се нормализира утре?
Директорите на двете водоснабдителни претпријатија на денешниот состанок не се договорија за цената на водата, но најавуваат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во најкус можен рок .
Гарантирам дека веднаш по оваа прес-конференција ќе одржиме состанок со вработените и сите заеднички ќе излеземе на терен со цел да ја стабилизираме состојбата со водоснабдувањето. Заедничка констатација е дека што и да правиме Куманово ќе има вода. Сакам да потенцирам дека не станува збор за затворање на вентилите, водостопанство ја испорачува истата количина на вода, но нема контрола на изливните места низ целиот систем. Водостопанство има систем од 6 илајди хектари и илјадници изливни места, а во моментот се врши и полнење на системот за наводнување. Ќе упатам апел до нашите вработени заеднички за престојните празници да се надмине оваа криза, да излезат на терен и да ги извршат своите обврски за да останеме доследни на предизивкот и вршењето на дејноста.-изјави директорот на Водостопанство Филип Филиповски.
И од Водовод се надеваат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во текот на утрешниот ден.
И додека течат преговорите, граѓаните се лути што 5 дена немаат вода во своите домови за основните животни потреби и најавуваат протести и граѓанска непослушност.