Мени

„Водовод“ и „Чистота“ добиjа програми за работа

13.02.2014 17:08 | KumanovoNews

Јавните претпријатија „Водовод„ и „Чистота и зеленило„, на денешната седница конечно ги добија програмите за работа за 2014 година.

„Водовод“ и „Чистота“ добиjа програми за работа

На денешната седница сите советници ги ставија интересите на граѓаните пред ситните партиски интереси и програмата беше изгласана. Во името на вработените и во свое лично име, сакам да се заблагодарам на сите советници што покажаа дека сепак потребите на граѓаните им се на прво место- изјави директорот на ЈП „Водовод„, Горан Стојковски.

Тој најави дека сега непречено ќе ја спроведуваат програмата за работа која има за цел да обезбеди квалитетно водоснабдување на градот.

На денешната седница беа изгласани и извештаите на останатите јавни претпријатија, за разлика од минатите седници кога не добија подршка..