Мени

“Водовод“ работел со добивка во првиот квартал

11.06.2014 11:55 | KumanovoNews

Јавното претпријатије “Водовод“ во првиот квартал од 2014 година остварило добивка од 1.300.000 денари.

“Водовод“ работел со добивка во првиот квартал

На денешната седница на Советот на општина Куманово повеќето советници го поздравија позитивното работење и го охрабрија менаџерскиот тим да работи со исто темпо и понатаму.

Советничката од ВМРО - ДПМНЕ, Валентина Илиевска праша дали вработените редовно земаат плата на што директорот рече дека денеска добиле плата за март и дека платите доцнат поради финансиската блокадата од пред неколку месеци.

  - Многу сме поприсутни на терен, вршиме контроли, нема забранети зони за нас, влегуваме во секој дел на градот. Имавме некои “џепови“ во Гладно поле, стадион Башкими, Перо Чичо, Говедарски пат и ги ставивме во систем. Дефектите ги решаваме за пократко време и ги контролираме загубите. Планираме инфраструктурно подобрување, аплициравме за грант од 1,5 милиони евра во Министерство за транспорт и врски односно Светска банка - изјави директорот Горан Стојковски.

Советниците го изгласаат тримесечниот извештај за работа на “Водовод“ за период од 1 јануари до 31 март 2014 година.