Мени

„Водовод“ работел со загуба во последното тромесечје

27.08.2014 13:02 | KumanovoNews

Јавното претпријатије “Водовод“ во период од 1 април до 30 јуни годинава работело со загуба од 17.000.000 денари највеќе поради исплаќање на долгови по основ на тужби од Водостопанство.

„Водовод“ работел со загуба во последното тромесечје

Од ВМРО - ДПМНЕ рекоа дека иако се прават напори за поефикасно работење на претпријатијето, сепак резултати нема и “Водовод“ се соочува со финансиски проблеми. Тие прашаа дали е вистина дека од скоро имало нови вработувања.

“Проструи информација дека имало четири нови вработувања, дали е точно не знам. Во оваа ситуација не звучи добро, кога има загуби, колку е претпријатијето оптеретено и да се примаат нови луѓе“ - рече Јовица Станковски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

На ова директорот Горан Стојковски одговори дека се примени тројца луѓе, бидејќи еден вработен починал, пет заминале во пензија, двајца се суспендирани и еден си дал отказ.

“Двајца се суспендирани бидејќи направиле криминално дејание. Тоа е пријавено во МВР и чекаме да се заврши целата постапка. Вработивме еден економист за плата од 12.000 денари бидејќи претходниот си отиде и немавме друг. Инкасатор и баждарџија се на местото на суспендираните, и тие вработувања се привремени бидејќи не знаеме во овој момент дали ќе бидат избркани од работа“ - објасни Стојковски.

Стојковски кажа дека работниците примиле плата за месец јуни.

Советниците го изгласаа тримсечниот извештајот за работа на “Водовод“.