Војниците во “Боро Менков“ садеа рози
Армиските војници од касарната “Боро Менков“ денеска засадија рози со што го одбележаа Денот на пролетта и се вклучија во акцијата “Македонија земја на цвеќето - земја на розите“.
Засадени се стотина садници рози, други видови цвеќе и млади чемпреси во касарните кои последниве неколку дена без исчистени.
Ова е показател и дополнителен мотив за понатамошна поддршка на акции од ваков тип, бидејки заштитата и унапредувањето на животната средина и природа се повеќе се наметнува како синоним на стратегијата на човековиот опстанок и зачувување на квалитетот на нашето живеење. Во изминатите години припадниците на Армијата на Република Македонија активно се вклучуваат во сите акции од доменот на екологијата и заштитата на животната средина и даваат активен придонес во зачувување на животната средина воопшто - велат од АРМ.
Дел од армиските војници се вклучија во пошумувањето во Липково организирано од ЈП„Македонски шуми“ подружница Куманово каде беа засадени 25.000 садници.
