Мени

Волерс пушти во употреба систем за наводнување

26.06.2014 08:53 | KumanovoNews

Американскиот амбасадор Пол Волерс, денеска во селото Романовце пушти во употреба систем за наводнување капка по капка, кој е донација од УСАИД.

Волерс пушти во употреба систем за наводнување

Системот капка по капка е поставен на нива засадена со пченка и се очекува оваа година приносот да биде двојно поголем од лани, да се заштеди на ѓубриво и вода.

  - Овој систем им помага на фармерите да трошат за 80 отсто помалку време, да го поминат тоа време работејќи други работи. Се троши за 60 отсто помалку вода што го прави системот поефикасен, исто така има и помало загадување. Во овој проект соработуваме со Министерството за земјоделство и имаме поддршка од Федерација на фармери, од општина Куманово и од фирмите - изјави Волерс.

Фармерот Фејзулаи на чие земјиште е системот капка по капка, вели дека во септември очекува богата реколта на пченка.

  - Очекувам најмалку 100 отсто поголемо производство од лани. Лани имавме 7 тони производство, а оваа година очекуваме најмалку 15 тони на површина од еден хектар. Оваа е втора донација од УСАИД бидејќи претходно во 2002 година имавме донација за развивање на електричниот систем - рече Елсадат Фејзулаи, фармер.

Од Федерација на фармери на Република Македонија го поддржуваат проектот и велат дека нуди голем бенефит за земјоделците. Од таму објаснуваат ваквото производство на пченка ги оддржува месната и млечната индустрија.