Мени

Волонтери ги посетија старците во „Зафир Сајто“

21.11.2013 11:28 | KumanovoNews

Во рамки на одбележување на Недела за грижа на стари лица, волонтери од Црвен Крст денеска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Волонтери ги посетија старците во „Зафир Сајто“

Со разговор и скромни подароци, како и секоја година, тие им го разубавија денот на старите лица.

Целта е да им посветиме внимание, да им покажеме дека се грижиме за нив. Потоа на Градски плоштад ќе делиме флаери за граѓаните за да ги информираме дека е  Недела за грижа на старите лица и да знаат како со нив да постапуваат - вели Марија Суботиќ, волонтер.

Старите луѓе знаат дека ова е нивна недела и се заблагодарија на сите кои деновиве се сетија на нив и ги посетија.

Многу е убаво, задоволни сме. Вчера од домот не носеа во “Етно село“ на ручек. Децата не почестија со колачи и сокови, си направивме муабет - рече Савка Трајковска, сместена во домот.

Во просториите на Црвен Крст утрово триесетина пензионери измерија шеќер во крвта. Само неколку од нив имаат покачен шеќер во крвта и нив им е сугерирано да одат на лекар и да проверат дали се работи за моментална состојба или имаат здравствен проблем.

Јас синоќа слушнав дека ќе има акција и дојдов да проверам шеќер. Нормален ми е шеќерот, немам проблеми. Ние постарите треба да внимаваме, јас водам сметка да не јадам многу мрсна храна - објаснува Миле Јаневски, пензионер.

На старите луѓе им беа поделени фалери со информации за нивните права од Законот за семејство, институционална и вонинституционална заштита, сместување во домови, издржување и слично.