Волонтери од Црвен Крст делеа вода на граѓаните
Волонтери од Црвен Крст денеска на Градскиот плоштад на граѓаните им делеа ладна вода и флаери со препораки за заштита од топлотниот бран.
На граѓаните им делиме вода. Тие доаѓаат на штанд, прашуваат и акцијата може да се каже дека е успешна. Им даваме совети на граѓаните како да се заштитат од сонцето. Да не излегуваат од 11 до 17 часот надвор. Да пијат повеќе вода, течност за да не дехидрираат - изјави Марија Суботиќ, волонтер.
Граѓаните велат дека на вакви горештини ладната вода за нив е напиток број еден.
Течности пијам постојано, сок, вода, јадам овошни салати. Маснотии избегнувам. Младите можат да конзумираат мрсно, но ние постарите мора да внимаваме. Штом ќе се стопли влегувам внатре и после 17 часот си ги завршувам обврските - вели Момчило Трајковски, граѓанин.
Од Црвен Крст најавуваат уште една ваква акција за во август.