Мени

Волонтери од Црвен Крст исценираа сообраќајка

05.12.2012 14:03 | KumanovoNews

За да го одбележат Денот на волонтерите, младите од Црвен Крст, во центарот на градот исценираа сообраќајна несреќа.

Волонтери од Црвен Крст исценираа сообраќајка

- Лани направивме марш и сообраќајка, а оваа година само сообраќајка. По истиот повод на 10 и 12 декември ќе организираме отворени денови во Црвен Крст, да се запознаат повеќе луѓето со активностите на организацијата. Целта е волонтерите да покажат како се укажува прва помош - изјави Марија Јовановска, лидер на млади во Црвен Крст.

Слични активности се организираат во сите општински организации низ Македонија.