Мени

Волонтери од Црвен Крст на камп во Струга

19.07.2013 14:02 | KumanovoNews

 Група од седум волонтери од Црвен Крст Куманово од понеделник ќе учествуваат на камп во Струга за “менаџмент на волонтери”.

Волонтери од Црвен Крст на камп во Струга

До 29 јули 2013  во Центарот за едукација и рекреација на кадри "Солферино" ќе се организира обука за волонтерски менаџмент и мобилизирање на млади волонтери на Црвениот крст на која учество ќе земат вкупно 70 млади луѓе. Обуката ќе се одвива во теренски услови со сместување во шаторска населба управувана од страна на членови од единица за одговор при катастрофи - вели Сања Голубовска од Црвен Крст Куманово.

Предавачите ќе бидат од Црвен Крст на Македонија, а кампот се оддржува втора година по ред.