Мени

Волонтери подаруваат велигденски јајца на граѓаните

02.05.2013 09:31 | KumanovoNews

 Волонтери од Црвен Крст, денеска бојадисуваа велигендски јајца, кои ќе ги поделат на граѓаните.

Волонтери подаруваат велигденски јајца на граѓаните

Целта ни е да им ги разубавиме празниците на граѓаните. Нашите волонтери ќе ги обојат и декороираат  јајцата и ќе ги поделат на граѓаните. Акцијата ќе трае два дена, денеска и во сабота. Денеска ќе поделиме триесет јајца, а во сабота  повеќе - вели Стојан Крстов, волонтер во Црвен Крст.

Во сабота тие ќе го посетат детското одделение во Општа болница Куманово каде ќе поделат велигденски јајца. Оваа акција Црвен Крст Куманово ја прави традиционално секоја година.