Мени

Волонтери продаваат билети за хуманитарниот концерт

28.08.2013 09:35 | KumanovoNews

Десет волонтери од Црвен Крст Куманово деновиве продаваат билети за хуманитарниот концерт за помош на “Порака наша“ на кој ќе пее Анабела.

Волонтери продаваат билети за хуманитарниот концерт

Синоќа и вечерва наши волонтери продаваа и ќе продават билети во Соколански парк, на Градски кеј и на плоштад од 21 до 23 часот. И утревечер пред почетокот на концертот пет наши волонтери ќе стојат пред влезот во Касапски круг и ќе продаваат билети - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.

Билетите се продаваат по симболична сума од 120 денари.