Мени

Волонтери работат со младите во кумановско

02.09.2013 14:41 | KumanovoNews

Волонтери од Белгија организираат игри на отворено за деца и се ангажираат во интернет радиото Мулти - Култи.

Волонтери работат со младите во кумановско

Кара Вајмерен организираше отворени денови во околината на градот, поточно во Проевце, Липково и Младо Нагоричане. Децата прво имаа срамежлив пристап кон странците кои им покажуваа игри кои се применуваат во местата каде израснале, меѓутоа подоцна се опуштаа и се вклучуваа во дружењето. Покрај ЕВС волонтерите, овој настан пободи голем интерес и кај локалните волонтери кои имаат идеја игрите да ги продолжат. Роберт Кристи работеше на програмата на он лајн радиото Мулти - Култи, давајќи им нова димензија на вибрациите на радиото. Тој самиот е ди - џеј и креира музика која е комбинација од хип - хоп и романска традиционална музика - велат од ЦИД.

Волонтерите имаа прилика да се запознаат со мултинационалноста на градот, обичаите, празниците кои овдека се слават и друго.