Волонтерка од Мировен корпус во “Порака наша“
Елизабет Копола, волонерка од Мировен корпус во наредните два години ќе работи со тимот на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.
Таа пристигна пред месец дена и се надева дека работата во “Порака наша“ ќе биде едно големо искуство за неа, ќе се запознае со традицијата и културата на нашиот народ.
Со нетрпение ги чекам двете години соработка со “Порака наша“. Македонија е убава и полна со традиција. Очекувам да изградам силни врски со луѓето овде и да помогнам во социјалниот развој и прифаќањето на овие луѓе - вели волонтерката.
Од “Порака наша“ објаснуваат дека ова е вторпат да соработуваат со волонтер на Мировен корпус. Освен размена на искуства поврзани со навиките, културата, традицијата волонтерот има за задача да им помага во секојдневните активности.
Таа е тука секој работен ден. И дава поддршка, помош на организацијата, ни помага во изготвување на проекти. Сместена е во семејство домаќин што е ново, бидејќи претходно волонтерот живееше во стан. Од соработката со неа засега сме презадоволни - рече Фросина Симоновска, едукатор дефектолог во “Порака наша“.
Елизабет доаѓа од Вермонт, втора најмала земја во САД со 630.000 жители и затоа лесно се адаптирала на начинот на кој функционира градот и општеството.