Вонредна крводарителска акција во Дом на култура
15.07.2013 11:06
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре ќе се оддржи вонредна летна крводарителска акција.
Сите заинтересирани граѓани крв можат да даруваат од 10 до 15 часот. За учесниците на крводарителската акција на 21 месецов ќе има еднодневна екскурзија во Дојран.
Вонредната летна крводарителска акција е традиционална и е во организација на Црвен Крст Куманово.