Вработените во “Куманово - паркинг“ даруваат крв
Во јавното претпријатије “Куманово - паркинг“, денеска се одржа крводарителска акција на која се очекува да бидат собрани над 30 единици крв.
Акцијата се организира за првпат, а организаторите најавуваат дека ќе биде традиционална и ќе се оддржува по два пати годишно.
- Јас денеска по 121 пат ќе дарувам крв. Почнав уште во средно училиште и редовно четири пати годишно давам крв. Прво прашав меѓу вработените за да видам дали има интерес и ветија дека најмалку 15 луѓе ќе се вклучат во акцијата. Од спонзори ќе има скромни награди за луѓето кои денеска ќе даруваат крв - вели Благе Додевски, координатор на крводарителската акција.
Вработените преку дарувањето крв ја покажаа својата хуманост.
- Акцијата тече во најдобар ред. Овие луѓе се повеќекратни крводарители и јас би ги нарекол “борци“. Од почетокот се гледа дека акцијата ќе биде успешна и ќе се надмине бројката од планирани 30 крвни единици - рече Антоније Душмановиќ, трансфузиолог.
Крводарителската акција се организира во соработка со Црвен Крст Куманово.