Мени

Вработување на лекари за проектот “Рурален лекар„

04.03.2014 12:46 | KumanovoNews

Веќе два месеци успешно функционира проектот “Рурален лекар“, а наскоро ќе бидат вработени нови лекари кои ќе ги посетуваат руралните средини и ќе ги прегледуваат мештаните.

Вработување на лекари за проектот “Рурален лекар„

Тимовите од Здравствен дом Куманово ги опслужуваат луѓето од 20 - тина села.

Предвидено е проектот да трае постојано со тоа што по 2 - 3 месеци ќе се распишат конкурси каде што ќе се примат уште доктори. Теренот ќе биде поделен на доктори и сестри за поефикасно вршење на работата. Специјално за таа намена ќе бидат примени тие луѓе - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

Од Министерството за здравство ќе поготват печати со кои лекарите вклучени во проектот ќе можат да препишуваат рецепти.