Мени

Времето денес: Сончево со засилен ветер

16.10.2011 10:36 | KumanovoNews

Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен североисточен ветер.

Времето денес: Сончево со засилен ветер

Утринската температура на одделни места ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Куманово температурата се движи околу 8 степени, а денеска максималната температура ќе достигне 11 степени целзиусови.