Втори мај неработен ден
27.04.2011 12:59
| KumanovoNews
Понеделник втори мај е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Денот на трудот кој се одбележува на 1. мај, оваа година се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, понеделник е неработен ден, односно 2- ри мај.
Меѓународен празник „Денот на трудот“ кој се одбележува на првиот ден од месец мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.