Мени

Вторник неработен за граѓаните од ромската заедница

07.04.2014 07:58 | KumanovoNews

Меѓународниот ден на Ромите ќе биде неработен за припадниците на ромската етничка заедница.

Вторник неработен за граѓаните од ромската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија,  8 април 2014 година (вторник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.