“Вук Караџиќ“ со богата програма за патронатот
23.04.2014 09:32
| KumanovoNews
Основното училиште “Вук Караџиќ“ следната недела ќе организира повеќе активности за одбележување на 69 - от патронат под мотото “Нашето училиште - лулка на знаење“.
Во понеделник ќе има спортски натпревари во одбојка, а во вторник ученици од литературни секции и писатели од Куманово ќе читаат поезија.
Во среда ќе има приредба на која ќе бидат наградени најдобрите ученици од ликовен и литературен конкурс. Како дел од свечената програма е видео презентација на училиштето, настап на хор, фолклорна група и поставување на саем на знаења и вештини.