Мени

За 150 евра скок со згоден падобранец

09.05.2011 10:31 | KumanovoNews

Во Македонија тендем скоковите почнаа од мината година, а авантурата се плаќа од 150 - 200 евра и може да се пријави секој, без разлика на падобранското искуство. Скокот го снима со камера и останува трајно заблежан.

За 150 евра скок со згоден падобранец

Српскиот падобранецот Александар Цветковиќ (29) од Смедерево, е овогодишен победник на Меѓународниот куп на падобранство во Македонија што викендов се одржа во Куманово. Тој не само што беше најдобар меѓу своите колеги во поединечен скок со падобран, туку имаше среќа танедем скоковите да ги реализира со убави девојки. Вчера на целта пристигна со убава професорка по физичко воспитување и сестрата на неговиот пријател од Куманово, а мината година тоа го направи со манекенката Рената Стоилковска од Скопје, со која наместо на целта скокна во младо жито.

Изгледа имам доста среќа во животот, па само убави девојќи ми припаѓаат да ми бидат патнички. Овој пат го промашив житото, затоа што несакам да правам меѓународен инцидент, бидејќи минатиот пат сите што го прочитаа текстот во Вашиот весник, ми рекоа дека не е во ред да правам такви испади. А јас само сакав да ги приближам и продлабочам односите меѓу двете земји- се шегува Цветковиќ. 

Тој раскажува дека и неговата девојка на шега била загрижена за неговото однессување во Македонија и затоа му се заканила дека нема да го пушта сам да доаѓа тука. Но за жал била зафатена, и овој пат да го придружува.

Во Македонија тендем скоковите почнаа од мината година, а го изведе токму Цветковиќ и манекенката Стоилковска. За таква авантура се плаќа од 150 - 200 евра и може да се пријави секој, без разлика на падобранското искуство. Скокот го снима со камера и останува трајно заблежано. Се скока со специјален падобран кој има двоен систем за врзување, поголема купола и издржливост од 220 до 240 килограми. За тандемскиот скок е потребна висина од минимум 3000 метри. Биљана Божиновска, професорка по физичко воспитување во основното училиште „Браќа Миладиновци„ од Куманово од љубопитсво се одлучила да се вивне во небеските височини.

Прекрасно чувство. Тоа не може да се опише со зборови може само да се доживее. По овој скок планирам да се занимавам со падобранство- изјави Божиновска.

Од нејзиното однесување е презадоволен и инструкторот Цветковиќ, кој вели дека дамата малку се плашела на почеток, ама кога скокнале стравот престанал и се поминало во најдобар ред.

Уживаше во секој момент додека паѓаше, а кога падобранот се отвори, тоа е најубавото чувство на светот кое не може да се опише. Откако се созема од возбудата прво што рече „Јас мора да се занимава со падобранство„ -раскажува задоволно Цветковиќ.

 Тој вчера подари еден скок, како роденденски подарок и на сестрата на својот најдобар пријател.

 Падобранците раскажуваат дека оној што го прави првиот скок, обичај е сите падобранци со искуство да му го честитаат пробивањето на ледот со клоца во задникот за да му тргне работата. Колку појако ќе го шутнат тоа значи дека толку повеќе му посакуваат среќа.

Цветковиќ, годинешниов падобрански куп во Куманово ќе го памети и по тоа, што намаесто на Аеродромот Аџитепе, каде се одвива натпребарувањето слетал на стадионот на Милано во центарот на Куманово. Таму деца тренирале фудбал, и кога тој почнал да им вика да се трганат за да не ги повреди при слетувањето, тие испаничени почнале да бегаат на сите страни. Подоцна тренерот му дал мобилен телефон да повика такси и да се врати на аеродромот, за да го продолжи натпреварувањето.

Меѓународниот падобрански куп во Куманово се одржува секоја година во организација на аеро-клубот Доне Божинов, а учествуваа падобранци од повеќе градови од Македонија и Србија, Црна Гора и Полска.