Мени

За култура потрошени 8 милиони денари

24.02.2011 14:11 | KumanovoNews

Според извештајот за реализирање на Програмата за културни манифестации во Општината во минатата година што советниците ја усвоија на денешната 41 седница  се потрошени околу 8.000.000 денари буџетски пари.

За култура потрошени 8 милиони денари

Поради одреден број неодржани манифестации од различни, главно објективни причини, непотрошени останаа 3 милиони денари што со одлука на советниците се пренесуваат во буџетот за културни, забавно-музички, спортски и други манифестации во оваа година. Инаку, во текот на минатата година се одржани над сто културни манифестации во кои учествувале или ги проследиле неколку илјади граѓани на куманово.

На 41 седница советниците усвоија и 11 други предлог-одлуки и решенија од кои најголем дел се однесуваат на Урбанистичкиот план и на деталните урбанистички планови на градот Кумановои на разрешување и именувањ на членови на управни и надзорнио одбори на јавни установи и институции во Општината.