За младите и инвалидите дозволите за рибарење се поефтини
Студентите, инвалидите и младинците за разлика од другите категории на риболовци имаат поповолни цени при добивање дозвола за рибарење.
За разлика од сениорска дозвола која годишно чини 1500 денари, за студенти е 900 денари, за инвалидизирани лица е 800 денари, а за младинци чини 600 денари. Сите риболовци плаќаат и чланарина на Спортско риболовно друштво “Пчиња“, а тие пари потоа одат дел за ресорно министерство, дел за федерацијата. За две недели откако почнавме да извадаме дозволи во нашата канцеларија на улица “Ленинова“ б.б, 150 рибари земат дозволи и ние од таа бројка сме задоволни - вели Бранислав Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња.
Тој потенцира дека оние рибари кои ќе ловат без дозвола, ќе се соочат со високи казни, а приборот за рибарање ќе им биде одземен.
За страсните риболовци вели дека можат да платат државна дозвола кој чини 100 евра и со неа може да се лови риба секаде низ Македонија.