За „Света Петка„ собир во Младо Нагоричане
04.08.2014 09:50
| KumanovoNews
По повод верскиот празник „Света Петка„, во четврток во селото Младо Нагоричане, ќе се одржи општонароден собир со пригодна културно - уметничка програма.
Манифестацијата ќе се одржи пред училиштето во селото, а на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.
- Се повикуваат сите граѓани да ни се придружат на овој традиционален голем општонароден собир кој се одржува повеќе од 15 години. Почетокот е закажан за 19 часот, а ден претходно во среда ќе има турнир во мал фудбал - велат од општина Старо Нагоричане.
Манифестацијата е под покровителство на општина Старо Нагоричане, советот и градоначалникот Милован Стојковски.